Израел возврати со воздушни напади на запаливите балони од Газа (ВИДЕО)

Израелски авиони бомбардираа локации на Хамас во појасот Газа како одговор на запаливите балони пуштени од палестинската енклава, соопшти израелската војска.

Screenshot

Засега нема извештаи за жртви или штети од нападите насочени кон подрачјето за лансирање ракети и комплексот што му припаѓа на Хамас, исламистичката група која управува со Газа. Хамас се уште не одговорил.

Од прекинот на огнот на 21 мај и крајот на 11 дневните борби меѓу Израел и Хамас, Палестинците повремено пуштаат балони наполнети со запалив материјал преку границата, предизвикувајќи пожари во израелските полиња.

Палестинците велат дека сакаат со запаливите балони да извршат притисок врз Израел за ублажување на санкциите на крајбрежната енклава кои биле заострени за време на борбите во мај.

Испраќањето балони воглавно било намалено откако Израел ублажил некои ограничувања за Газа.

Но, во петокот повторно биле пуштени балони од Газа и предизвикале најмалку четири пожари во области близу границата.

Израелската војска рече дека воздушните напади се „одговор на непрестајното лансирање балони од Газа кон Израел во текот на денот“.

Пожари избија во петокот долж границата со Газа, додека Израел истовремено разменувал оган на својата северна граница со либанскиот Хезболах.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе