Израел во напад на Газа ја уништи единствената лабораторија за тестирање на ковид (ВИДЕО)

И покрај тоа што Газа, според известувањата, привремено го прекина ракетирањето на Израел во текот на ноќта, израелските авиони продолжија да ја бомбардираат Газа.

EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Милитанти од Газа минатата ноќ, нешто пред полноќ, истрелаа ракети кон Израел, а потоа ги запреа нападите сè до зората, кога повторно се огласија сирените во израелските заедници во близина на Газа и во градот Нетивот.

Хамас ја презеде одговорноста за нападот врз областа Нетивот, велејќи дека се работи за одговор на „ционистичката агресија", очигледно притоа мислејќи на израелските ракети во текот на ноќта.

Палестински извори наведуваат дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) во текот на ноќта извршиле неколку напади врз цели низ појасот Газа, што е потврдено со снимките на кои се гледаат серија експлозии.

Палестинските медиуми објавија и дека израелската војска рано утрово погодила бродови на Хамас на брегот, цивилни згради и инфраструктура ширум појасот Газа.

Официјалната палестинска новинска агенција Вафа соопшти дека воени авиони гаѓале цивилни институции и патишта во близина на џамијата ал-Катиба во западниот дел на градот Газа, куќи во северниот округ Наср и областите Туфа и Шејаја, пренесува Би-би-си.

Тој додава дека авионите извршиле повеќе од 50 напади врз куќи и цивилни објекти во северните градови Бејт Лахија и Џабалија, предизвикувајќи „огромна штета“.

АФП јавува дека Израел во понеделникот вечер ја ракетираше и уништи единствената лабораторија за тестирање на ковид-19 во Газа и ја оштети канцеларијата на Црвениот крст.

Израел наведува дека ги гаѓал тунелите на Хамас и објектите на милитантите.

Министерството за здравство на Газа, со кое управува Хамас, соопшти дека во нападите врз Газа досега биле убиени 212 лица, од кои 61 дете и 36 жени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе