Израел размислува за повторно воведување карантин во целата земја

Израелската влада сериозно размислува за повторно воведување карантин во целата земја, пренесува Би-би-си. Причината за ова е фактот дека властите неуспешно се борат со наглото зголемување на бројот на новоинфицирани со коронавирус.

EPA-EFE

Министерството за здравство вчера објави 3.904 нови случаи на инфекција, соборувајќи го дневниот рекорд за број на новозаразени. Вкупниот број на заразени на тој начин достигна 142.582. Пријавени се и единаесет смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 во Израел се искачи на 1.054.

Во вторникот, во 40 области во Израел со најголем број на новозаразени започна бран на затворање на училиштата и полициски час.

Но, здравствените власти сега препорачуваат едномесечен карантин на национално ниво.

Израелските медиуми јавуваат дека предложениот карантин би можел да започне денес, ден пред еврејскиот новогодишен фестивал - Рош Хашана. Тоа би вклучувало затворање на училишта, ресторани, трговски центри, пазари и концертни сали и слични масовни настани.

Друга опција која е на маса на израелската влада би вклучувала затворање на сите горенаведени бизниси, но движењето на населението би било нешто помалку ограничено отколку во опцијата за целосен карантин.

Аналитичарот на Би-Би-Си, Том Бејтман потсетува дека Израел во пролетта бил меѓу најуспешните земји во светот во борбата против епидемијата на коронавирус. Покрај тоа, имал многу мал број смртни случаи во споредба со другите земји.

Но, сега владата се соочува со сè пожестоки критики поради губиток на контролата над епидемијата. Во четвртокот, еден од водечките израелски научници предупредуваше дека епидемијата наскоро би можела да го загрози функционирањето на болниците.

Според податоците од средата, во израелските болници имало 474 сериозно заболени од ковид-19, а повеќе од 1.000 луѓе починале од почетокот на епидемијата.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека „владата прави сè за да го одржи функционирањето на економијата, притоа зачувувајќи го животот и здравјето“.

Бројот на случаи во Израел започна нагло да расте во мај кога владата одлучи да го олабави каранатинот наметнат на почетокот на епидемијата.

Минатата недела, според податоците на водечкиот американски универзитет за здравство Џон Хопкинс, Израел пријавил најголем број заразени лица по глава на жител, потсетува Би-би-си.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе