Израел прогласи вонредна состојба во Лод. ОН: Ескалираме кон војна

Израел прогласи вонредна состојба во централниот град Лод по бунтот на израелските Арапи, со интензивирање на конфликтот меѓу израелските сили и палестинските милитанти.

EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Судирите меѓу Израел и Хамас ескалираа вчера, израелскиот премиер најави дека ќе ги интензивира нападите врз Газа, додека претставник на ОН за Блискиот исток повика на прекин на огнот и предупреди дека „трошоците за војната ги плаќаат обичните луѓе“.

Израел изврши стотици воздушни напади врз Газа рано во средата, додека палестински милитантни групи стрелаа ракети кон Тел Авив и Бершеба.

„Веднаш престанете со огнот. Ескалираме кон војна од целосен размер. Водачите на сите страни треба да преземат одговорност за деескалацијата“, порача на твитер пратеникот на ООН за Блискиот исток, Тор Венесленд.

„Трошоците за војната во Газа се катастрофални и ги плаќаат обичните луѓе. ООН работи со сите страни да се врати мирот. Запрете со насилството веднаш“, напиша Венсленд

Сирените за воздушен напад се огласија во Тел Авив рано наутро во средата, рече сведок на Ројтерс.

Одекнале и неколку експлозии, само неколку минути откако Хамас објави дека испукал повеќе од стотина ракети кон Тел Авив, како одговор на израелските воздушни напади врз палестинската крајбрежна енклава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот вечер рече дека ќе ги интензивираат нападите врз Газа, кои од понеделник се насочени на околу 500 позиции на Хамас и Исламски џихад.

„Оваа операција ќе потрае, но повторно ќе им ја вратиме безбедноста на граѓаните на Израел“, вети Нетанјаху.

Портпаролот на Хамас, Фаузи Бархум изјави дека Хамас нема да се повлече и ќе возврати на секој израелски напад.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе