Израел престанува да ги следи потенцијално заразените со сојот омикрон

Израелскиот премиер Нафтали Бенет и министерот за здравство Ницан Хоровиц вчера објавија дека безбедносната служба Шин бет синоќа на полноќ престанува да ги следи лицата за кои постои сомневање дека се заразени со новиот сој на коронавирусот, омикрон.

Фото: ЕПА

Таа контроверзна мерка на користење на технологијата за следење на телефоните беше одобрена пред шест дена со можност за продолжување, но беше отфрлена како одговор на критиките од јавноста, како што се чини.

Израелските медиуми наведуваат дека новиот сој во моментов не е широко распространет во земјата.

Вчера беше потврдено дека со него е заразено уште едно, трето лице, за кое се наведува дека неодамна се вратило од Велика Британија и дека било вакцинирано со три дози вакцина против ковид-19, а биле тестирани околу 30 лица што можело да бидат заразени.

Министерот за здравство рече дека секогаш нагласувал дека ќе биде ограничено користењето на споменатата мерка за следење на податоците од телефоните и кредитните картички бидејќи покрај здравствената заштита, мора да се заштитат и приватноста и човековите права, дури и во итни случаи.

Заедно со следењето на лицата за кои постои сомневање дека се заразени, беа воведени ограничувања за патување и забрането е доаѓањето на странци во Израел.

За одлуката за продолжување на следењето би бил потребен собраниски закон бидејќи мерката е одобрена врз основа на вонредни прописи.

Неколку члена на израелската влада гласаа против употребата на таква технологија, а владиниот омбудсман тврдеше дека таа не е ефикасна.

Министерот за здравство потсети дека од почетокот велел дека „користењето на тоа средство ќе биде ограничено и кратко, неколку дена, за да се добијат итни информации за да се запре инфекцијата со новата, непозната варијанта“, пренесе Асошиејтед прес.

Израелските организации за човекови права ја критикуваа употребата на технологија што може да следи каде се движи личноста и кого сретнала.

Врховниот суд на Израел во почетокот на оваа година пресуди дека употребата на таква технологија мора да биде ограничена.

Здружението за граѓански права ја поздрави вчерашната одлука, изразувајќи надеж дека тоа е „последен пат тајната служба да се користи за следење на граѓаните на државата Израел“.

Во Израел, каде што живеат 9,3 милиони луѓе од почетокот на пандемијата на коронавирусот, починаа 8.199 луѓе.

Повеќето жители, повеќе од 6,3 милиони, се имунизирани со најмалку една доза од вакцината Фајзер, а над четири милиони Израелци ја примија третата, засилувачка доза.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе