Сирени за тревога на Голанската висорамнина

Израел пресретна четири ракети од Сирија, експлозии кај аеродромот во Дамаск (ВИДЕО)

Израелската војска соопшти дека утринава нејзиниот одбранбен систем „Железна купола“ пресретнал четири ракети испукани од Сирија кон територијата на Израел, и дека нема материјална штета.

Сирените за тревога се огласиле на Голанската висорамнина. Коментари од Сирија за инцидентот сѐ уште нема, јавува Асошиејтед прес.

Сириската државна агенција САНА извести дека се слушнале експлозии кај меѓународниот аеродром кај Дамаск, што укажува на можен израелски одмазднички напад.

Израелската војска не ги коментираше експлозиите во Сирија, но министерот за одбрана на Израел Нафтали Бенет ги свика највисоките воени претставници на средба.

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац истакна дека „Израел мора да дејствува соодветно“.

Тел Авив често ги напаѓа иранските цели во соседна Сирија, а пред една недела изврши напад од воздух врз еден тамошен палестински екстремист на Исламски џихад, но тој го преживеа нападот.

Израелската војска потоа во Појасот Газа уби командант на Исламски џихад.

Судејќи по неодамнешните израелски разузнавачки процени, Иран, кој го поддржува Исламски џихад, решил остро да одговори на секоја израелска акција против групите што ги поддржува.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху неодамна кажа дека Израел ќе ги напаѓа иранските мери доколку Техеран дејствува против еврејската држава.

Иранските воени сили имаат бази во Сирија, а Техеран ги поддржува и екстремистите на либански Хезболах, додека во Газа со пари и оружје го поддржува Исламски џихад, наведува АП.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе