Израел повторно нападна во околината на Дамаск

Израелски воени авиони нападнаа воена база која Иран ја гради крај Дамаск, израелските медиуми ги пренесуваат извештаите на сириските медиуми блиски до Башар ал-Асад.

Ударите се изведени од воздушниот простор на Либан, а целта била во близина на градот Ал- Кисва, 13 километри јужно од Дамаск. Следеле силни експлозии. Синоќа, телевизискиот канал на либанскиот Хезболах Ал-Манар објави дека израелските авиони летале над јужен Либан.

Сириската против воздушна одбрана истрелала ракети на израелски авион, јави Скај њуз Арабија, а владата на Сирија засега ништо не коментирала.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, поврзана со опозицијата на земјата, соопшти дека силни експлозии се слушнале во областа Дамаск и дека снемало струја во неколку делови на градот.

Израелските власти одбија да ги коментираат овие извештаи.

Во ноември, Би-би-си извести дека Иран гради постојана воена база во Сирија, во рамки на комплексот кој го користи сириската армија во близина на Ал-Кисва.

Сликите од воздух снимени во јануари, март и октомври оваа година покажуваат како напредува изградбата во комплексот. Од јануари најмалку три нови згради се изградени, додека две постоечки се реновирани.

Оригиналниот комплекс се состои од 25 згради и служи за сместување на војници, а таму има и возила, се вели во извештаите.

Израелските лидери повеќе пати изразија загриженост дека Иран би можел воено да се утврди во Сирија во близина на нејзините граници и таму да остане.

Израел се обидува да остане подалеку од граѓанската војна во Сирија, но одговараше на прелевањето на конфликтот во Голанската Висорамнина, а израелските воздушни сили повеќепати ги напаѓаа конвоите со оружје од Сирија, наводно, наменети на проиранскиот либански Хезболах.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе