Израел потпиша договор со Бахреин и ОАЕ: „Ова го менува текот на историјата“ (ВИДЕО)

Израел го потпиша денес т.н. „Договор на Абрахам", мировен договор за нормализирање на односите со Бахреин и ОАЕ, а својот потпис го стави и американскиот претседател Доналд Трамп при тоа велејќи дека „многу скоро" и другите земји ќе ги нормализираат односите со Израел и дека тоа е пат за договор и со Палестинците, објавија светските медиуми.

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

„Тука сме да го смениме текот на историјата. Ова е зора на новиот Блиски исток, иднина каде што луѓето од сите вери и потекла ќе живеат во мир и просперитет“, рече американскиот претседател во Белата куќа каде на церемонијата на потпишување на мировниот договор ги прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министрите за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Американскиот претседател исто така нагласи дека со договорите ќе се овозможи соработка меѓу Израел и двете арапски држави во секторите како што се туризам, трговија, здравство и безбедност и дека со него ќе им се овозможи на муслиманите да ги посетуваат исламските светилишта во Ерусалим, како што е џамијата Ал-Акса.

Таканаречениот „Договор на Абрахам“, именуван по личност важна за сите три главни монотеистички религии, е трети договор за нормализирање на односите меѓу Арапите и Израелците од прогласувањето на еврејската држава во 1948 година.

Израел потпиша мировен договор со Египет во 1979 година и со Јордан во 1994 година.

„Наскоро ќе се приклучат и други држави“, рече Трамп по претходната средба со израелскиот премиер, додавајќи дека ќе ги има „меѓу пет и шест“.

Американскиот претседател, кој имаше улога на посредник во постигнувањето на овие договори, во вторникот во интервју за телевизијата Фокс призна дека договорите со ОАЕ и Бахреин се дел од пошироката дипломатска офанзива што на договор ќе ги принуди и Палестинците.

Министерот за надворешни работи на Бахреин, Калид бин Ахмед Ал Калифа, во говорот по Трамп рече дека договорот потпишан во вторникот „покажа дека е можен, дури и реален“ договор со Палестинците, додека министерот на ОАЕ шеик Абдулах бин Зајед Ал Нахијан рече дека токму заради него „на Блискиот исток веќе се гледа промена што ќе се прошири низ целиот свет“.

Шефот на дипломатијата на Емиратите му се заблагодари на Израел што со тој договор се откажа од најавената анексија на дел од Западниот брег, област што Палестинците ја сакаат во својата идна држава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека со договорот „може еднаш засекогаш да се стави крај на израелско-арапскиот конфликт“, додека Ројтерс пренесува дека за време на неговиот говор во јужниот дел на Израел се слушале сирени, а израелските медиуми објавија дека две лица се повредени во ракетни напади во трговски центар во градот Ашдод.

Стотици демонстранти протестираа во Појасот Газа во вторникот пред канцеларијата на Обединетите нации, осудувајќи го договорот меѓу трите држави.

„Палестина не е на продажба“, рекоа Палестинците на денот на потпишувањето на договорот што ќе му послужи на Трамп во кампањата пред претседателските избори на 3 ноември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе