Како одговор на ракетнот напад

Израел погоди 100 „терористички цели“ во Газа

Израелски авиони и хеликоптери во текот на ноќта погодија околу 100 цели поврзани со Хамас во Газа, соопшти израелската војска. Воздушните напади се спроведени како одговор на ракетите лансирани од Газа на Тел Авив.

Според војската меѓу погодените цели се и штабот на Хамас во областа Рима во центарот на Газа, локацијата за производство на ракети и полигонот за обука на милитанти.

Воздушните напади се изведени во знак на одмазда за ракетите лансирани од Газа на израелска територија, кон Тел Авив. Од првите две ракети едната е пресретната и уништена од страна на израелскиот систем за ракетна одбрана Железна купола.

„Терористичката група Хамас носи одговорност за сè што се случува во и надвор од Газа“, соопшти ИДФ.

По нападот на ИДФ во Газа, Хамас денес испали уште две ракети кон Израел, и двете беа, исто така, уништени во воздух, објавија воените сили.

Сирени за предупредување за воздушен напад се слушнале во градот Сдерот и општината Шаар Ханегев во близина на границата со Газа.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе