Израел отвори амбасада во Обединетите Арапски Емирати

Израел соопшти дека отворил амбасада во Обединетите Арапски Емирати, нешто повеќе од четири месеци по потпишувањето на договорот за нормализација на односите со арапската монархија во Персискиот Залив.

EPA-EFE

„Израелската амбасада во Абу Даби е официјално отворена со доаѓањето на шефот на канцеларијата Еитан Наех“, се наведува во соопштението на израелското министерство за надворешни работи, во кое се додава дека израелската амбасада ќе работи на „понатамошно зацврстување“ на односите меѓу двете земји.

Израел во последните месеци потпиша договори за нормализација на односите со четири арапски земји: Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, но и со Судан и Мароко, под покровителството на Соединетите Американски Држави во мандатот на Доналд Трамп.

Израелската влада во неделата официјално го ратификуваше договорот со Мароко кој треба да биде одобрен и во парламентот.

Денес и Обединетите Арапски Емирати го одобрија отворањето на својата прва амбасада во Тел Авив, израелската метропола која е седиште на повеќето дипломатски претставништва, бидејќи поголемиот дел од светот не го признава Ерусалим како главен град на Израел.

Палестинците ја осудуваат нормализацијата на врските меѓу Израел и арапските земји која е во тек оценувајќи дека пред тој процес, а не по него, треба да се најде решение за палестинското прашање.

Пред ОАЕ Египет и Јордан беа единствените арапски земји кои имаа дипломатски односи со еврејската држава откако во 1979, односно 1994, потпишаа мировни договори со кои заврши воената состојба со Израел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе