Итен состанок на Советот за безбедност

Израел охрабрен од светот „да ги убива Палестинците во сон“, рече палестинскиот претставник во ООН

Обраќајќи се на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ООН за ескалацијата во Израел и Газа, министерот за надворешни работи на палестинските власти Ријад ал-Малики ги нападна израелските сили за „упад“ во комплексот на Ридот на храмовите „на најсветото место, во најсветиот месец, во најсветата ноќ“.

Фото: ЕПА

„Дали мислеа дека нема да сносат никакви последици? Дали очекуваа Палестинците да почекаат додека тие ја грабаат следната куќа? Дали очекуваа Палестинците да коегзистираат со… окупација?… Нема луѓе на планетава што би ја прифатиле оваа реалност“, рече ал-Малики.

„Ние не сме два соседи што живеат рамо до рамо во мир. Израел се вооружени крадци што влегоа во нашата куќа и го угнетуваат нашиот народ…, а потоа тие го бараат правото на безбедност што ни го негираат нам“, рече тој.

Ал-Малики рече дека кога Израел ги слуша светските лидери како го бранат своето право на самоодбрана, „ги охрабрува да ги убиваат Палестинците во сон“.

„Железната купола штити додека нашите луѓе во Газа се опсадени, заробени и нема каде да одат. Палестинските цивили се тие на кои им треба заштита“, вели тој.

„Нема зборови за да се опишат ужасите што ги доживува нашиот народ“, рече ал-Малики, кој наброи некои од најмладите жртви во последните напади.

Ал-Малики ги праша земјите-членки што би требало да сторат Палестинците за да се спротивстават на израелското насилство на Западниот брег, Источен Ерусалим и Газа.

Министерот за надворешни работи на Палестина ја нападна и поранешната администрација на САД. „Каде се тие? Оние што преговараа за договори меѓу земји што не се во војна? Каде се тие? Оние што сметаа дека на Блискиот Исток може да се постигнуваат договори на сметка на Палестинците. Каде се тие? Оние агенти за недвижнини што одлучија дека можат да им продаваат нешто што не го поседуваат на оние што го немаат вистинското право на тоа“.

Ал-Малики рече дека Палестина сè уште поддржува решение на конфликтот со две држави врз основа на границите пред 1967 година.

Тој рече дека има силна поддршка од нациите низ светот за Палестинците.

„Овие нации ги подучила нивната сопствена историја, сопствената борба за слобода и тие знаат да го познаат угнетувањето кога ќе го видат“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе