Израел одбил примирје во Газа, досега убиени над 800 Палестинци

Израел ноќеска го одбил предлогот на американскиот државен секретар Џон Кери за примирје во Газа, објавила израелската државна телевизија.

„Безбедносниот кабинет едногласно го одбил предлогот на американскиот државен секретар Кери за примирје“, објавила телевизиската мрежа која истакнала дека членовите на кабинетот ќе продолжат да ја разгледуваат варијантата, пренесува Ројтерс.

Цел ден траеле дипломатските преговори за да се постигне „хуманитарно примирје“ во војната меѓу Израел и палестинското екстремистичко движење Хамас во Газа. Како што истакнала државната телевизија, владата на Бенјамин Нетанјаху бара израелската војска да остане во Газа за да го продолжи уништувањето на „терористичките тунели“ кои Хамас ги копал дури и за време на примирјето.

Овој услов тешко дека ќе добие согласност од исламистичкото движење кое од 2007 година го контролира Појасот Газа.

Предлогот за кој станува збор, кој Кери во средата му го изнел на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предвидува привремен прекин на огнот од една недела за време на која израелските сили не би морале целосно да се повлечат од Газа.

САД, генералниот секретар на ОН и ЕУ би дале гаранции дека преговорите ќе се фокусираат на отстранување на ракетите и затворање на тунелите во Газа, како и на прекин на блокадата на палестинската енклава и поправање на штетите.

Како што се дознава од извори во израелската влада, Нетанјаху со шефот на американската дипломатија Кери разговара за промени на предложениот план за примирје. Посредниците сакаат примирјето да стапи на сила воочи муслиманскиот празник следната недела, но се соочуваат со речиси непомирливи барања на Израел и Хамас.

Екстремистичката исламистичка организација Хамас, која од Израел бара прекин на блокадата пред сопирање на ракетирањата на цивилни цели, сѐ уште нема одговорено на предлогот за примирје.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе