„Заедничкото лидерство е возможно“

Израел: Нетанјаху доби нов мандат па го повика ривалот Ганц во владата

Досегашниот премиер на Израел Бенјамин, кој вечерва го доби мандатот да формира нова влада по минатонеделните избори, го повика својот ривал Бени Ганц да му се придружи во владата на национално единство.

„Мислам дека е потребно да формираме единствена влада заедно“, кажа Нетанјаху, оценувајќи дека „заедничко лидерство“ е возможно.

Тој со тоа навести дека е отворен за договор за ротација на функцијата премиер.

Нетанјаху нагласи дека таквата широка влада „мора да биде брзо формирана“ или „најверојатно ќе биде формирана како последен излез“, пренесуваат израелските медиуми.

Тој смета дека нема поента во одолговлекување на процесот и вети дека ќе му го врати мандатот на претседателот на Израел Реувен Ривлин ако не успее да формира владејачка коалиција.

Нетанјаху тоа го кажа откако Ривлин му го даде мандатот да формира нова влада по неуспехот на преговорите меѓу неговата конзервативна партија Ликуд и Ганцовиот Сино-бел сојуз за формирање на влада на национално единство.

Изборите одржани на 17 септември беа вторите оваа година.

По првите избори во април Нетанјаху исто така доби задача да формира владејачко мнозинство, но не успеа. Потоа не му беше дадена шанса на Ганц, туку беше распуштен парламентот и беа распишани нови избори.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе