Израел нападна цели кај Дамаск (ВИДЕО)

Израелските воени авиони извршија воздушни напади во близина на Дамаск, при што се повредени осум војници, јавуваат сириските државни медиуми.

Опозициската набљудувачка група наведе дека се гаѓани воени позиции, како и борци поддржани од Иран, и дека се убиени 12 лица.

Државната новинска агенција САНА објави дека сириската противвоздушна одбрана соборила поголем дел од ракетите во предградие на главниот град и на југот на земјата пред тие да стигнат до своите цели.

Се вели и дека израелските воени авиони испукале ракети додека летале над Голанската висорамнина, која е под окупација од Израел, и соседен Либан.

САНА се повика на неименуван воен функционер, кој рекол дека осум војници се повредени во воздушните напади, додавајќи дека е предизвикана и материјална штета.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, која ја следи сириската војна преку мрежа на активисти на теренот, рече дека нападот се случил по полноќ и дека се погодени воени позиции и членови на милиција поддржана од Иран западно и јужно од главниот град, како и воената база Мазех во Дамаск.

Опсерваторијата тврди дека голем број ракети удриле на многу позиции во овие области и предизвикале пожар во Центарот за научни истражувања во предградието на Дамаск Џамраи.

Загинале 12 сириски и несириски борци поддржани од Иран во јужното село Изра и во предградието на Дамаск Кисве на југ. 

Израел не ги коментираше овие напади, но призна дека извршил стотици напади во Сирија последниве години за да го запре иранското „воено вкопување“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе