Израел ја ракетираше Газа по посетата на Бајден

Израелски воени авиони ја нападнаа Газа по денешните ракетни напади од палестинска територија, непосредно откако американскиот претседател Џо Бајден полета од Израел во Саудиска Арабија како дел од посетата на Блискиот Исток за подобро интегрирање на Израел во регионот.

Фото: Твитер

Израелската војска соопшти дека погодила два објекти на исламистичката милитантна група Хамас која владее со Појасот Газа. Една од целите била подземна фабрика за производство на ракети, соопшти војската.

Очевидци во Газа изјавија дека биле нападнати камповите за обука на Хамас. Нема евидентирани повредени.

Хамас ја осуди посетата на Бајден, а портпаролот на оваа исламистичка организација Фавзи Бархум рече дека израелското бомбардирање „ја одразува американската поддршка и охрабрување што го доби Израел да ја изврши својата агресија и злосторства“.

Бархум рече дека било пукано врз израелски авиони. Сирените се огласија во јужен Израел во два наврати рано утринава предупредувајќи на дојдовен ракетен истрел.

Една ракета била пресретната од израелските сили, а три проектили паднале на отворени области, соопшти армијата. Ниту една група не презеде одговорност за ракетниот истрел.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе