Израел ја обвини Русија за електронско попречување на навигациските системи на цивилните авиони

Израел ја обвини Русија дека е одговорна за необјаснетото попречување на сателитските навигациски системи на цивилните авиони кои летаат околу аеродромот Бен Гурион кој се наоѓа меѓу Тел Авив и Ерусалим.

Руската амбасада во Израел ги отфрли обвинувањата како лажни вести, наведувајќи дека на нив „не може сериозно да одговори“.

Засега немало некаква несреќа ниту безбедносен инцидент, но попречувањето „имало значително влијание врз сите аспекти на ракувањето со авионите, почнувајќи од пилотската кабина, како и врз контролата на летовите“, соопшти израелската управа за аеродроми.

Најверојатно, попречувањето потекнува од електронската војна за која Русија беше претходно обвинувана дека ја води како мерка за одбрана и покрај тоа што влијае врз блиските авиони и бродови.

Се верува дека потекнува од Сирија и дека се бранат авионите во воздухопловната база Хмејмим, каде што руски трупи се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад, пишува Тајмс оф Израел.

Израелската војска одби да го коментира јавно изворот на пречките, но кажа дека немало влијание врз нејзините дејства.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) обезбедуваат технолошка поддршка за да обезбедат слобода на движење во израелскиот воздушен простор. ИДФ оперира постојано за да ја одржи оперативната слобода на движење и супериорноста во електромагнетниот спектар“, соопшти војската.

Израелското здружение на пилоти соопшти дека руското попречување е прилично напредно и дека ГПС приемниците ги снабдува со неточна локација па на пилотот му се чини дека авионот е на друго место, понекогаш со километри оддалечено.

„Таквиот вид блокирање бара големо техничко знаење и висок механички капацитет, кои не ги поседуваат ни поединци ни организации“, соопшти здружението на Твитер.

Откако почнало попречувањето, авионите во Израел користат алтернативни методи на слетување.

Слични проблеми наводно имало претходно во Русија. Во јуни 2017 повеќе од 20 брода забележале ГПС пречки пловејќи по Црното Море кога изгледало дека се 40-тина километри поблиску до брегот отколку што навистина биле.

Слични аномалии наводно се забележани и околу Кремљ и претседателската палата. Се претпоставува дека руските служби користат таков вид електронско попречување за заштита на рускиот претседател Владимир Путин.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе