Израел и Турција ги обновуваат дипломатските односи, ќе именуваат амбасадори

Израел и Турција одлучија да ги обноват дипломатските врски и ќе имануваат амбасадори по постојаното подобрување на односите, објави кабинетот на премиерот на Израел Јаир Лапид.

EPA-EFE

„Унапредувањето на односите ќе придонесе на продлабочувањето на врските меѓу двата народи, ширењето на економските, трговските и културните врски и јакнењето на регионалната стабилност“, се наведува во соопштението по разговорот на Лапид и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Земјите заемно си ги протераа амбасадорите во 2018 година, откако израелските сили за време на протести на границата со Газа против отворањето на американска амбасада во Ерусалим убија 60 Палестинци.

Посетата на Турција на израелскиот претседател Исак Херцог во март, по што следеа официјални посети на двајцата министри за надворешни работи, помогна во подобрувањето на односите по повеќе од деценија тензии.

„Одлучено е нивото на односите на двете држави повторно да се крене на ниво на целосни дипломатски врски и да се вратат амбасадорите и генералните конзули на двете држави“, се наведува во соопштението.

Овој договор, во момент кога Израел се обидува да ги подобри врските со регионалните сили, е договорен две години по таканаречениот Абрахамов договор, со кој беа нормализирани односите на Израел со Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Мароко.

„Турција ќе продолжи да ги брани Палестинците и покрај целосното обновување на дипломатските врски со Израел“, кажа во Анкара турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Ќе продолжиме да ги браниме правата на Палестинците, на Ерусалим и на Газа“, изјави шефот на турската дипломатија на конференција за новинарите по израелската најава на обновувањето на целосните односи и враќањето на амбасадорите.

„Важно е нашите пораки (за палестинското прашање) да се пренесуваат директно преку амбасадорите“, кажа Чавушоглу потврдувајќи го скорото именување на турски амбасадор во Тел Авив.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе