Израел и Хезболах разменија прекуграничен оган првпат по многу години

Тензиите меѓу Израел и Иран се закануваат да го вовлечат Либан во нов конфликт.

Хезболах изврши напад врз израелските воени позиции и доби силен повратен оган во првиот прекуграничен судир по многу години помеѓу долгогодишните непријатели.

Израелската војска соопшти дека „два или три противтенковски проектили“ биле испукани од јужниот дел на Либан кон воената база и воено амбулантно возило, но нема загинати и повредени.

Потполковникот Џонатан Конрикус, армиски портпарол, исто така, рече дека Израел возвратил со приближно 100 артилериски гранати и дека и офанзивни хеликоптери ја нападнале областа. Размената „најверојатно заврши“, рече тој.

Хезболах, проиранската либанска милитантна група, ја презеде одговорноста за нападот. Тој вели дека неговите борци уништиле израелско армиско возило во близина на границата во истата област. Според Хезболах, во него загинале или се ранети луѓе, спротивно на израелските тврдења.

Не се знае дали има жртви од либанската страна.

Израелските сили вдолж границата цела недела се подготвуваа за можен напад од Хезболах. Раководството на оваа организација го обвини Израел дека се обидел да го нападне со две беспилотни летала минатата недела во упориштето јужен Бејрут.

Ниту Израел, ниту Хезболах не изразија интерес за враќање во војна, откако во 2006 година се бореа во крвав едномесечен конфликт, во кој загинаа околу 1.200 луѓе во Либан, претежно цивили, а приближно 160 во Израел.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе