Прекин на насилствата

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот по дводневните насилства

Палестински извори соопштија рано утринава дека е постигнат договор за прекин на огнот со Израел за крај на најновата ескалација на насилствата во појасот Газа и на јужната изрелска територија.

„Прекинот на огнот ќе почне денес во 4:30“, изјави неименуван палестински функционер запознаен со договорот, пренесуваат израелските медиуми.

Друг извор го потврдил постигнувањето на договорот, како и телевизијата на Хамас, исламската екстремистичка организација која владее со Газа.

Франс прес наведува дека еден од изворите кои го потврдиле прекинот на огнот е од Хамас, а другиот од Исламски џихад. Прекинот на огнот го потврдил и анонимен египетски извор.

Израелската војска не ги коментираше овие тврдења туку само соопшти дека се укинуваат мерките за заштита на населението на Израел од утрото од 7 часот. Ракетен оган и израелски контранапади во меѓувреме нема.

Во дводневните судири, први по војната меѓу двете страни во 2014 година, 690 ракети беа испукани од Газа врз Израел, а израелската војска нападна 350 „терористички мети“ во последните 48 часа. Израелскиот противракетен систем „Железна купола“ пресретнал 240 ракети.

Во појасот Газа биле убиени 23 луѓе, вклучувајќи две трудници, две бебиња и девет екстремисти.

Во ракетрирањето на израелската страна загинале четворица Израелци.

Претседателот на САД Доналд Трамп претходно на Твитер објави поддршка за Израел.

„Повторно Израел е соочен со баражни смртоносни ракетни напади на терористичките организации Хамас и Исламски џихад. Ние го поддржуваме Израел 100 отсто во неговата одбрана на своите граѓани“, напиша Трамп.

Уште синоќа извори блиски до Хамас соошштија дека следните часови се клучни за постигнување примирје и дека се преговара во Каиро, со посредство на Египет, и дека од Израел зависи дали ќе се врати на претходно договорените компромиси меѓу двете страни.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе