Откако добил барање

Израел ѝ дозволи на Тлаиб да ја посети баба си во Западен Брег

Министерот за внатрешни работи на Израел рече дека го примил и го одобрил барањето на демократската конгресменка Рашида Тлаиб да влезе во израелски Западен Брег, од хуманитарни причини.

Министерот Арје Дери во денешното соопштение рече дека Тлаиб побарала да ја посети својата 90-годишна баба на Западeн Брег.

Во писмото, кое го објави канцеларијата на Дери, Тлаиб рече дека ќе ги почитува сите забрани и „нема да промовира бојкотирања“ за време на својата посета.

Во четвртокот Израел одлучи да им забрани на Тлаиб и на друга конгресменка, Илхан Омар, да го посетат Западen Брег, тврдејќи дека тие за време на посетата ќе промовираат кампања за бојкот против Израел. Одлуката на Израел предизвика масовни критики, вклучително и од израелската и еврејска организација, која рече дека е навреда за американските институции да им се забрани влез на членови на Конгресот.

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе