Полицијата соопшти дека седум демонстранти се уапсени, а демонстрациите ги организирала групата Крајм министер (Криминален премиер), една од неколкуте формирани во изминатите месеци, повикувајќи го премиерот Нетанјаху да поднесе оставка поради судењето и поради лошото раководење со коронакризата.
Демонстрантите го читале обвинението против Нетанјаху пред неговата резиденција.
Беше планирано Нетанјаху денес да се појави на суд, но судењето е одложено поради рестрикциите за јавни собирања поради наглото ширење на заразата.
Израелците со месеци демонстрираат пред резиденцијата на Нетанјаху и на главните раскрсници и мостови низ земјата.
Нетанјаху минатата година беше обвинет за измама, злоупотреба на позицијата во три случаи и мито во еден од нив.
Тој негира дека направил што било лошо и ги обвинува медиумите, полицијата и правосудството дека водат „лов на вештерки“ против него, а во меѓувреме се обидува повторно да биде избран на парламентарните избори на 23 март, четврти за помалку од две години.
Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека конзервативниот Ликуд на Нетанјаху ќе освои најмногу пратенички мандати, но дека нема да биде во состојба да формира коалициска влада поради ривалството на другите десничарски партии.