Израел го сопре испраќањето вакцини во странство, Нетанјаху тврди дека тоа е за меѓународен углед

Израел ја прекина својата програма за испраќање вакцини против ковид-19 во странство поради меѓународниот углед, кажа министерот за одбрана Бени Ганц, откако иницијативата била ставена под правна лупа.

EPA-EFE

Премиерот Бенјамин Нетанјаху се најде на удар на критики поради подарувањето вакцини против коронавирусот на странските сојузници, додека Палестинците се жалеа дека Израел како окупаторска сила треба да им испорачува повеќе вакцини.

Израелската јавна телевизија Кан, која претходно неделава јави дека Израел ќе испрати помалку пратки во 19 земји, кажа дека државниот обвинител Авикај Манделбилт бара објаснување за програмата за поклонување вакцини.

„Ја поздравувам одлуката за сопирање на пренесувањето на вакцините во други земји“, напиша на Твитер Ганц кој е министер во владата на Нетанјаху додека се подготвува за соочување со него на изборите следниот месец.

Нетанјаху претходно неделава ја бранеше „дипломатијата со вакцини“ и истакна дека на Израел му останале „неискористени“ дози од вакцината на Модерна.

„Мислам дека со тоа се купува углед“, им порача на новинарите во средата и додаде дека тоа е „интелигентна одлука поради многуте дивиденди кои веќе ги добиле“.

Израел предводи во вакцинирањето против вирусот во светот и речиси половина од населението веќе примиле една доза.

Но Ганц, поранешен генерал а сега лидер на политичка партија од десниот центар, порача дека одлуката за отстапување вакцини мора да се донесе на „соодветни состаноци“ и дека Нетанјаху не смее самостојно да преземе таква акција.

Израел досега на Палестинската управа ѝ даде 2.000 дози вакцини, тврдејќи дека тие самите се одговорни за својот здравствен систем. На Западниот брег и во Газа живеат 5,2 милиони Палестинци.

Палестинците го обвинуваат Израел дека ги игнорира своите должности како окупатор затоа што не ги вклучил во својата програма за вакцинирање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе