Израел го избрка турскиот конзул од Ерусалим

Израел вчера му наложи на генералниот конзул на Турција во Ерусалим да ја напушти земјата во екот на дипломатската криза што настана меѓу двете земји еден ден по смртта на неколку десетици Палестинци на протестот во Појасот Газа.

„Израелското Министерство за надворешни работи го повика турскиот конзул и побара од него да се врати во својата земја на некое време“, се наведува во соопштението.

Генералниот конзул на Турција во Ерусалим ги застапува дипломатските интереси на Палестинците, додека турската амбасада во Израел се наоѓа во Тел Авив.

Турција вчера побара од израелскиот амбасадор во Анкара привремено да ја напушти земјата во знак на протест поради смртта на Палестинците, а завчера го отповика својот амбасадор во Тел Авив.

Турција жестоко ја осуди одлуката за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, како и израелската употреба на сила врз Палестинците.

Најмалку 59 Палестинци вчера се убиени и 1.200 се ранети за време на протестот во Газа, главно со куршуми од снајпери. 

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе