Израел гневен поради изјавата на Лавров за Хитлер и еврејската крв: „Непростливо и скандалозно“

Израел го осуди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров затоа што сугерираше дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер имал еврејски корени и побара извинување од Москва. Израелското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во Израел на разговор.

Фото: ЕПА

Израел луто реагираше на вчерашната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека нацистичкиот диктатор „имал еврејска крв во себе“.

„Изјавата на Сергеј Лавров е истовремено скандалозна, непростлива, но и историски целосно неточна“, изјави израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид.

„Евреите не се убиваа самите себеси за време на Холокаустот. Најлошиот расизам против Евреите е да ги обвините за антисемитизам“, додаде тој.

Лапид продолжи: „Мојот дедо не го убиле Евреите, туку нацистите“. Тој му порача на Лавров „да погледне во историските книги“.

„Тоа е непростлива, скандалозна изјава, страшна историска грешка, и очекуваме извинување“, изјави Лапид за новинската веб-страница Јнет. „Украинците не се нацисти, само нацистите беа нацисти, само тие вршеа систематско истребување на Евреите“, рече Лапид.

Дани Дајан, раководител на израелскиот меморијал на холокаустот Јад Вашем, рече дека изјавата на Лавров „нема никаква врска со реалноста“, „таа е апсурдна, опасна и за осуда“.

„Лавров промовира инверзија на холокаустот – претворање на жртвите во криминалци врз основа на промовирање на целосно неоснованото тврдење дека Хитлер имал еврејско потекло“, рече тој во изјавата.

„Подеднакво сериозно е да се наречат сите Украинци, а особено претседателот Зеленски, нацисти. Ова, меѓу другото, е целосно искривување на историјата и навреда за жртвите на нацизмот.“

Во интервју за италијанска телевизија Лавров ја бранеше „денацификацијата“ како цел на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин во Украина и рече дека еврејското потекло на украинскиот претседател Володимир Зеленски не го доведува во прашање ставот на Путин дека во Украина има нацисти. Лавров рече дека Зеленски можеби навистина е Евреин, но и дека Адолф Хитлер имал еврејска крв.

Лавров рече дека обвинувањата на Русија за нацизам во Украина се точни без оглед на фактот дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е Евреин.

„Зеленски се прашува за каков нацизам зборуваме ако е Евреин. Можеби грешам, но и Хитлер имал еврејска крв. Тоа не значи ништо. Мудрите Евреи велат дека најлошите антисемитисти обично се Евреи“, рече Лавров.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе