Израел ги укинува ковид-потврдите? „Немаат здравствена логика, создаваат паника“

Израел вчера постави нов дневен рекорд од 65.259 нови инфекции, а во исто време се водеше сериозна дискусија за укинување на ковид-потврдите. Против ковид-потврдите, кои во Израел се наречени зелени пропусници, се изјасни израелскиот министер за финансии Авигдор Либерман, пренесува Џерусалем пост.

Фото: ЕПА

Либерман вчера ѝ се обрати на јавноста заедно со премиерот Нафтали Бенет и министерот за здравство Ницан Хоровиц, велејќи дека повеќе од 25 милиони домашни брзи антигенски тестови ќе бидат дистрибуирани до Израелците. Тој потоа на Твитер напиша за ковид-потврдите.

„Нема медицинска ниту епидемиолошка логика во зелените пропусници, како што заклучуваат многу експерти. Она што постои е директна штета на економијата, на секојдневното функционирање и, дополнително, значително придонесува во јавната паника. Работам со сите засегнати страни за да ги елиминираме зелените пропусници и да ја одржиме нормалната рутина, за сите нас“, напиша тој.

Под режимот на зелената пропусница, која во моментов сѐ уште е во сила во Израел, само луѓето што биле вакцинирани, прележани или тестирани претходниот ден (во последните 72 часа во исклучителни случаи) имаат пристап до некои активности и објекти, а во некои случаи и на работното место.

Со ширењето на омикрон, нагло се зголеми бројот на заразените, иако биле вакцинирани или веќе заразени со вирусот.

Здравствените службеници и експерти, вклучително и генералниот директор на Министерството за здравство, Нахман Еш, рекоа дека вакцинацијата и прележувањето продолжуваат да нудат одреден степен заштита и дека системот за ковид-сертификати треба да се одржува. Сепак, тие исто така признаа дека во одреден момент прашањето можеби ќе треба да се преиспита.

Доколку се укине зелената пропусница, тоа би било една од најдраматичните промени во начинот на кој земјата се бори со пандемијата.

Претходно истиот ден, Еш рече дека Израел сè уште го нема врвот на бранот омикрон.

„Верувам дека врвот ќе дојде за една недела или повеќе“, изјави тој за Радио ФМ103. „Сепак, гледаме и дека бројот на хоспитализираните сè уште расте, но растот забавува“, рече тој.

Сириле Коен, еден од советниците на израелската влада за вакцинација и шеф на одделот за имунологија на Универзитетот Бар Илан, вчера изјави дека зелените пропусници станале „неважни“ во времето на доминацијата на омикрон и дека очекува тие наскоро да бидат укинати.

„Кога станува збор за омикрон, практично не гледаме никаква разлика помеѓу вакцинираните и невакцинираните, и тие и тие може да бидат заразени горе-долу подеднакво“, рече тој.

„Треба да разберете дека зелените пропусници, а тоа не е тајна, не се неопходни само за да се спречи преносот на вирусот. Тие постојат и за да ги охрабрат луѓето да се вакцинираат. И не би сакал да зборувам за политичките аспекти на зелените пропусници, но тоа е реалност“, рече Коен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе