Израел ги прекина нападите во Сирија откако Путин му се јавил на Нетанјаху

Рускиот претседател Владимир Путин му се јави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата со барање да ги прекине воздушните напади врз сириските позиции, кои сириската војска во тој момент ги спроведуваше како одмазда за урнатиот авион Ф-16.

Путин го предупредил Нетанјаху дека е подобро да избегнува акции кои ќе доведат до „опасни последици за регионот“, јавува Хаарец. Израелските воздухопловни сили само што ја завршиле втората рунда бомбардирање на сириските сили и иранските позиции во таа земја и разгледувале дополнителни цели за следни воздушни напади.

Но, тие напади не се случија, а Путиновиот телефонски повик до израелскиот колега по сѐ изгледа бил пресуден.

Сириската противвоздушна одбрана урна еден од израелските авиони откако тие нападнаа наводен ирански контролен центар. Од тој центар ирански „воени советници“, кои во Сирија им помагаат на силите лојални на претседателот Башар ал Асад, управувале со дронот кој влегол во воздушниот простор на Израел, според тврдењата на израелската војска. Дронот беше соборен, а судирот меѓу Израел и Сирија потоа ескалираше до највисоко ниво во последните неколку децении.

Израелските сили тврдат дека во противнападот, по првото уривање на израелски воен авион од 1982, уништиле осум сириски и 12 ирански воени цели.

Нетанјаху потврди дека Путин му се јавил во саботата, но тврди дека му порачал на рускиот претседател дека Израел намерава да продолжи да се брани против каква било агресија и да го спречи Иран да го утврди своето присуство „во Сирија или каде било на друго место“. Иако израелскиот премиер во неделата на седница на владата се пофалил со успешните воздушни напади и „тешките удари врз иранските и сириските сили“, не спомнувал нови напади.

На Путиновата интервенција, покрај опасноста од ескалација на конфликтот, дефинитивно влијаел и фактот што некои од целите што ги нападнаа Израелците се многу блиску до руските воени сили сместени во Сирија. Руското министерство за надворешни работи порача во соопштение дека е „апсолутно неприфатливо да се создааваат закани по животите и безбедноста на руските војници“.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе