Невладината организација со седиште во Лондон соопшти дека меѓу метите на нападите биле магацин за муниција и неколку воени позиции поврзани со иранското воено присуство во Сирија.
Владини медиуми во Сирија потврдија пет жртви во воздушните напади, кои Израел традиционално не ги коментира.
„Израелскиот непријател изврши воздушен напад во зората погодувајќи неколку позиции околу Дамаск“, ги пренесува државната агенција САНА зборовите на сириски воен извор.
„Истрагата покажа дека пет војници се убиени, тројца се ранети и направена е материјална штета“, кажал изворот.
Последниот напад следи по нападот во близина на Дамаск на 14 април, без цивилни жртви, пишува САНА.
Сириската опсерваторија за човекови права ги добива информациите од голема мрежа извори од секој регион во Сирија.
Четворица од убиените не се припадници на сириската војска, туку членови на милиција поддржана од Техеран, соопшти шефот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман, додавајќи дека не може да ја потврди нивната националност.
Кажа дека во последниот израелски напад биле нападнати најмалку пет пзоиции.