Последните двајца бегалци биле уапсени од специјалните сили при потрага во Јенин, северниот дел на Западниот брег.
„Заедно со двајцата терористи, уапсени се и двајца помошници. Четворицата од нив се проследени на понатамошно испрашување“, соопшти војската.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги пофали сите што учествуваа во акцијата.
„Би сакал да им се заблагодарам на специјалните сили што работеа деноноќно, и за време на празниците и на Шабат, за да го завршат случајот“, рече премиерот.
Шест затвореници избегаа од затворот со максимална безбедност Гилбо на 6 септември преку тунел ископан низ подот во бањата, за што им било потребно една година.
Минатата недела израелската војска пронајде четворица од избеганите затвореници.
Се работи за затвореници претежно осудени на доживотен затвор поради терористички напади врз Израел.
Петмина се членови на исламистичкиот џихад, а шестиот е Закарија Зубеиди високо позициониран лидер на Бригадата маченици Ал-Акса, коалиција на палестински вооружени групи на Западниот брег.