Израел два дена пред изборите легализираше дива населба во окупираната област

Израелската влада денес даде дозвола за легализација на дива населба на Западниот Брег, два дена пред парламентарните избори клучни за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Владата се согласи да ја претвори дивата населба Мевут Јерико во Јорданската долина во официјална населба“, соопштија од кабинетот на премиерот по состанокот на владата.

Населбата Мевут Јерико се наоѓа во близина на Ерихон, главниот арапски град во Јорданската долина, северно од Црно Море. Објавата доаѓа два дена пред парламентарните избори во Израел, на кои ќе се соочат партијата Ликуд на Бенјамин Нетанјаху и Партијата Сино и бело предводена од поранешниот воен командант Бени Ганц.

Нетанјаху во август вети дека ако победи на изборите, ќе ги анектира сите еврејски населби во Јорданската долина, стратешка територија што претставува околу 30 проценти од окупираниот Западен Брег.

Палестинските власти остро ја критикуваа најавата на Нетанјаху за анексија затоа што така ќе се стави крај на мировниот процес, а критики не изостанаа ни од делот на израелската политичка сцена која се залага за анексија, но рекоа дека е несоодветно да се објави таква одлука пред изборите.

Нетанјаху се заложи да ги анектира еврејските населби во Јорданската долината веднаш по изборите.

Иако населбата според израелскиот закон ќе биде легализирана, за меѓународната заедница таа ќе продолжи да биде нелегална затоа што не го признава израелскиот суверенитет над Западниот Брег окупиран од Израел во војната во 1967 година.

Израелското колонизирање на Западниот Брег и Источен Ерусалим трае низ сите израелски влади уште од 1967 година, но забрзано е во последните години како резултат на поттикот од Нетанјаху и поттикот од неговиот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп.

Околу 65.000 Палестинци и 11.000 израелски доселеници живеат во Јорданската долината и на брегот на северното Мртво Море, според податоците на израелската група за човекови права Б'Тселем. Главната палестинска област е Ерихон, која има околу 28 села и помали бедуински заедници.

Вкупно 600.000 Израелци се во тежок соживот со 3 милиони Палестинци на Западниот Брег и Источен Ерусалим, палестинскиот дел од окупираниот град што Израел го анектираше.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе