Израел бомбардираше позиции на сириската војска во близина на Голанската висорамнина (ВИДЕО)

Рано утринава израелски авиони фрлиле неколку проектили врз позиции на сириската војска во регионот Кенитра, додека сириски извори тврдат дека воздушниот напад бил успешно одбиен, пренесуваат агенциите.

Според извештајот на сириската државна агенција САНА, која се повикува на воени извори, нападот во близинанна селото Хадер, кое се наоѓа во пограничниот појас на Голанската висорамнина, предизвикал само материјална штета.

Неколку часа претходно израелските сили урнале сириско беспилотно летало кое го надгледувало пограничниот појас и влегло во израелскиот воздушен простор на Голанската висорамнина.

Вчера израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со рускиот претседател Владимир Путин порача дека „Израел не е закана за сирискиот претседател Башар ал Асад“ и побара од Москва да ги тргне иранските сили од Сирија.

„Нема да преземаме акции против режимот на Асад, а вие тргнете ги Иранците“, ги пренесе неименуван висок ирански функционер зборовите на Нетанјаху упатени до рускиот претседател Путин за време на средбата во Москва.

Москва предложила да бидат распоредени на 80 километри од границата и не се согласи на целосно заминување, пренесе истиот извор.

Русија веќе работи на тоа иранските сили да се повлечат од областа на Сирија во близина на Голанската висорамнина, која Израел ја окупираше во 1967 година за време на воените конфликти на Блискиот Исток.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе