Русија уапси измамник кој изградил лажна граница со Финска за шверц на мигранти

Руската полиција уапси измамник кој изградил лажен граничен премин во близина на руско-финската граница за да измами мигранти на кои им е ветено дека може да ги прошверцува во Европската унија.

Руската гранична полиција вчера објави дека неименуван човек од областа на централна Азија подигнал лажен граничен премин во шума близу границата со Финска и на четворица јужноазиски мажи им наплатил повеќе од 10.000 евра за да ги однесе во Финска, членка на Европската унија, но никогаш не планирал да го исполне своето ветување.

Измамникот инсталирал лажна ограда која требало да ја означува државната границата меѓу Русија и Финска и група економски илегални мигранти ги однел на обиколка на регионот Виборг со автомобил и пешки, а во еден момент од патот, „заради безбедност“ ги возел преку езерото во чамец на надувување.

Инцидентот се случи минатата недела. Сите петмина се приведени. Судот во Санкт Петербург ги казнил мигрантите и одредил нивна депортација, а организаторот на шверцот на мигранти може да биде обвинет за измама.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе