вторник, 14 мај 2024

Во Стразбур поднесени три претставки за пресудата во предметот Монструм

Адвокатите на осудените лица во судскиот предмет Монструм во Судот во Стразбур поднеле три претставки кои се однесуваат на осудителната пресуда донесена пред македонските судови.

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави Алсат ТВ, адвокатите не откриле ништо конкретно бидејќи преписката со Судот во Стразбур се одвива во тајност.

Жалбите на адвокатите за осудителната пресуда потврдена во септември минатата година од Врховниот суд  завршија во Стразбур. Според решението, Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаилловиќ се прогласени за виновни за делото и осудени на доживотен затвор, а Фејзи Азири и Хаки Азири се осудени на затворски казни од 15 и 9 години. Сами Лута беше ослободен поради недостиг на факти.

На 12 април 2012 година беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско Езеро, во атарот на скопското село Смилковци. На возраст од 18 до 21 година беа убиени момчињата: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, а беше пронајден мртов и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ