Бруклин сентер

Излезе снимка од полициско убиство на црнец: „Ср*ње, го застрелав“ (ВИДЕО)

Насилни протести поради новото полициско убиство на Афроамериканец во САД траат веќе три ноќи по ред.

Screenshot

Оставките на началникот на полицијата и полицајката која пукала во 20-годишниот Донти Рајт откако со колегите го запреле поради наводен сообраќаен прекршок не помогнале во смирувањето на гневот на локалната заедница.

Овој пат, убиството и немирите се одвиваат во Бруклин сентер, мало гратче во американската сојузна држава Минесота.

Поточно, станува збор за предградие на Минеаполис, градот каде што во мај минатата година полицаец го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, по што ширум САД почнаа често насилни протести на движењето „Блек лајвс метр“ против полициската бруталност и расизам.

Рајт се спротивставил на апсењето во неделата и се обидел да избега од полицијата бегајќи назад во својот автомобил кога бил застрелан, по што починал.

Според полицискиот извештај и објавените снимки, се чини дека ова убиство е несреќен случај.

Имено, полицајката, според полицијата Бруклин сентер, по грешка од појасот го извадила пиштолот наместо електро-шокерот.

Полицијата ја објави снимката од телесната камера на полицајката Ким Потер, на која се гледа борбата помеѓу Рајт и неа, како и нејзините двајца колеги. Рајт, кога се извлекол од рацете на полицајците кои се обидувале да му стават лисици, се вратил во автомобилот, а на снимката се гледа како полицајката вади пиштол извикувајќи: „Шокер!“

„Шокер! Шокер! Шокер!“ вика полицајката со пиштолот вперен кон Рајт, кој седи на седиштето во автомобилот. Потоа се слуша истрел. Застреланиот Рајт сепак ја затвора вратата од автомобилот и дава гас, а Потер во шок вика: „Ср*ње, го застрелав!“

Легенда под Главна слика

Screenshot

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе