Од улични камери

Излезе снимка од нападот на трговскиот центар во Кременчук (ВИДЕО)

Снимка од улични камери ја покажува паниката во парк во украинскиот град Кременчук во понеделникот, неколку моменти откако трговскиот центар во близина беше погоден од руски ракети, вели Гардијан.

Локацијата на видеото е потврдена со блиските згради и патишта, кои се совпаѓаат со сателитските и архивските снимки на паркот Миски во Кременчук.

Во почетокот на видеото може да се види како облак од чад се издига во заднината од правец на трговскиот центар. Потоа може да се види експлозијата, која се одразува на површината на водата и која, очигледно, била предизвикана од напад со друга ракета. Луѓето во паркот потоа се кријат, а еден човек скокнува во езерото.

Скај њуз ја геолоцирал локацијата на вториот напад и вели дека се работи за индустриски погон што се наоѓа помеѓу трговскиот центар и паркот. Се работи за локација на околу 500 метри од трговскиот центар.

Еден ден по нападот во кој загинаа најмалку 18 лица, градот Кременчук во централна Украина прогласи ден на жалост, а пожарникарите ги расчистуваат урнатините.

Спасувачите ја завршија потрагата по преживеани во трговскиот центар, а украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски изјави дека под урнатините „нема повеќе живи“, пренесува Ројтерс.

Русија тврди дека инцидентот бил предизвикан од напад врз легитимна воена цел, залихи на муниција, која експлодирала и пожарот го зафатил и трговскиот центар.

Објавено

Вторник, Јуни 28, 2022 - 20:38

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе