ВО ПАРИЗ

Излезе нова снимка на која напаѓачите на Шарли ебдо пукаат кон полицијата (ВИДЕО)

На Интернет се појави драматична снимка со терористите што извршија масакр во Шарли ебдо, на која напаѓачите по убивањето 12 лица мирно си заминуваат од канцелариите на списанието кон својот автомобил. Пред да избегаат од местото на злосторството, се гледа како екстремистите пукаат кон полициски автомобил .

Снимена од прозорец во околните згради, снимката покажува двајца вооружени маскирани мажи, облечени во црно – кои подоцна беа идентификувани како Шериф и Саид Куачи – како се приближуваат кон црн автомобил ситроен. Кај возилото терористите смирено ја проверуваат својата муниција и ги полнат пушките, ставајќи една од автоматските пушки врз автомобилот.

„Го одмаздивме пророкот Мухамед“, се слуша како вели еден од напаѓачите на француски јазик.

„Ова е Франција за вас“, вели човекот што ја снима сцената.

По краток разговор двајцата напаѓачи влегуваат во автомобилот и возат, а се гледа како полициски автомобил вози по тесната уличка кон црниот ситроен.

Напаѓачите тогаш пукаат директно во возилото, кое мора да се врати во рикверц, додека терористите бегаат.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе