Излезе нова снимка: Флојд бил тепан и на задното седиште на полицискиот автомобил (ВИДЕО)

Откако Афроамериканецот Џорџ Флојд почина по „блиската средба“ со полицијата, почнаа протести низ САД, но и низ целиот свет. Сега излегоа нови снимки од надзорните камери на кои се гледа како полицијата постапувала со Флојд.

И пред Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) да заврши на бетон со лице кон подот, тој имал проблеми со полицијата. Тоа се гледа на нови снимки од надзорни камери, на кои се гледаат неколку полицајци на задното седиште на полицискиот автомобил со Флојд.

Клипот на Инстаграм го објави активистот Шон Кинг, кој напиша дека полицајците во автомобилот го претепале Флојд.

„Сè полека се разјаснува, тукушто го добив ова ново видео. Едниот чува ’стража’, а другите го тепаат“, напиша активистот.

Полицаецот Дерек Шовин (44) беше снимен како со колено го притиска вратот на Џорџ Флојд (46), кој го моли да престане затоа што нема воздух, а подоцна се онесвестил и починал.

Потоа почнаа протести низ САД, но и низ целиот свет, а американскиот претседател Доналд Трамп е принуден да се соочи со многу проблеми.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе