„Изгледа како Хрватска и Србија сѐ уште да војуваат“

Поранешната министерка за правосудство на Хрватска, Весна Шкаре Ожболд, кажа дека Хрватска и Србија изгледаат како сѐ уште да војуваат, само со други средства.

„Хрватска и Србија сѐ уште практично војуваат со некои други средства. И тоа е она што е грозно. Несфатливо е како никој не иницирал голема сеопфатна анализа на сѐ она што се случи, несфатливо е колку политиката не учи ништо од минатото“, вели Ожболд.

Таа додаде дека градската власт во Вуковар има мнозинство составено од Хрвати и малцинство сочинето од Срби.

„Вие немате Хрвати и Срби кои стојат заедно, не се случува да одат заедно на некој настан, заедно да решаваат проблем“, кажа таа.

За неа би било логично претставниците на градските власти на Вуковар заедно да ги решаваат проблемите, а начинот за тоа не е дебата преку медиумите – „како да се две градски управи, а не вистински да го живеат животот во градот“, вели Ожболт.

Доаѓањето на претставникот на српското малцинство во Хрватска Милорад Пуповац во Вуковар, според неа, е голем чекор.

„Сето тоа претходно беше усилено, но сега е поприродно, полесно и постојат придвижувања. Треба да се биде инклузивен. Треба да се собираат луѓето и потребна е силна политичка волја и упорност кога ќе наидете на проблеми поголеми од планина, тогаш треба да се решаваат“, кажа Ожболт.

Таа истакна дека сите кои сакале да останат да живеат во Хрватска, а не направиле злосторство, знаеле дека можат мирно да продолжат да живеат.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе