Профункционира минатиот месец

Изгасена новата платформа на Трамп за комуникација

Комуникациската платформа на Доналд Трамп е трајно изгасена, изјави неговиот портпарол за Си-ен-би-си.

EPA-EFE

Платформата наречена „Од масата на Доналд Џ. Трамп“ профункциора минатиот месеци беше начин поранешниот американски претседател да објави сопствена содржина, вклучувајќи соопштенија за медиумите и видео-снимки, откако на Трамп му беше забранет пристапот до Фејсбук и Твитер по немирите во Капитол.

„Од масата на Доналд Џ. Трамп“ имаше дел на официјалната интернет страница на поранешниот претседател, но сега е отстранет.

Портпаролот преку Твитер потврди дека тоа е најава за враќање на Трамп на социјалните мрежи, иако не е јасно како и кога тоа ќе се случи.

Сајтот, кој функционираше како еден вид блог, имаше можност за објавување на постовите на Трамп и им даваше опција на посетителите да лајкуваат и да ја споделуваат на Фејсбук и Твитер.

За сопствената платформа на Трамп се зборуваше од почетокот на оваа година, но не беше јасно како би изгледала.

Некои мислеа дека „Од масата на Доналд Џ. Трамп“ е платформата на која алудираше поранешниот претседател на САД, но неговиот портпарол во мај потврди дека не е, кажувајќи: „Дополнителни информации на тој фронт ќе имаме во многу блиска иднина“, пренесува Би-би-си.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе