Изетбеговиќ за вакцините на Вучиќ: Симболичен гест

Лидерот на Партијата за демократска акција Бакир Изетбеговиќ изјави дека донацијата од Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ од 10.000 вакцини наменети за Федерацијата БиХ е симболичен гест, како и дека „неколку илјади вакцини нема ништо значајно да сменат“.

EPA-EFE

„Тоа е симболичен гест на Вучиќ. Во Србија луѓето масовно се вакцинираат, но за жал, епидемијата пет пати побрзо се шири во Србија отколку во БиХ, така што мислам дека тоа нема нешто значајно да ги смени нештата, но добредојден е секој гест на добра волја“, им кажа Изетбеговиќ на новинарите во Сараево.

Тој додаде дека подарокот од Србија го гледа како возвратен гест „на она што БиХ го направила пред неколку месеци“ кога ситуацијата беше многу тешка во Санџак.

„Во тој час здравствениот систем во Србија беше преоптоварен и не можеше да се погрижи за тие луѓе во Санџак и нашите лекари отидоа да помогнат“, кажа Изетбеговиќ.

Зборувајќи за односите на БиХ и Србија, лидерот на СДА изрази надеж дека „ќе се влезе во решавање на тешките прашања“.

Претседателот на Србија вчера престојуваше во Сараево и донираше 10.000 вакцини на компанијата Астра Зенека, наменети за ентитетот Федерација БиХ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе