Изетбеговиќ: Србија нема право да владее со Косово

Претседателот на босанската Партија на демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ изјави дека Србија не може да гради политика на геноцид и дека Косово и Република Српска не може да се споредуваат.

EPA-EFE

Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека не му е јасно како косовските Албанци имаат право на независност, а Република Српска нема, Изетбеговиќ кажа дека Вучиќ многу добро го знае одговорот на тоа прашање, пренесоа сараевските медиуми.

„Државата Србија докажа дека нема право да владее со Косово. Тие тоа самите си го направија. Косово беше автономна област, додека Република Српска е еден од ентитетите во БиХ, благодарение на уставот кој утре може да биде сменет, а не Дејтонскиот мировен договор. Тие две не можат да се споредуваат“, кажа Изетбеговиќ.

За односот на Србија кон БиХ, Изетбеговиќ кажа дека е познато дека српската страна предводена од Слободан Милошевиќ и Радован Караџиќ „од несрби етнички исчисти половина од територијата на БиХ“.

„Србија во БиХ направи логори, силуваше и убиваше, ги избриша трагите на постоење на другите два народи. Истата таа страна и режимот истото зло го направи и на Косово и на БиХ. Немаат историски, морални ниту правни факти на кои можат да се повикаат и да ги изедначат правата на Србите во БиХ и на Албанците на Косово“, наведе лидерот на СДА.

Тој кажа и дека Србија би требало да доживее катарза и конечно да се соочи со она што го направила. Додаде дека Србија би требало да се извини и на БиХ и на Косово.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе