Изетбеговиќ кажа дека навикнал политичарите од Србија и Република Српска да ги извртуваат и погрешно толкуваат неговите изјави и сакаат да го претстават како непријател на целиот српски народ.
„Очигледното истото ќе го направат со мојот последен повик да се престане со поддршката на ксенофобната, шовинистичка и ретроградна политика која ја води Милорад Додик, а која е насочена против државата Босна и Херцеговина, Бошњаците, но и Србите кои не ги поддржуваат неговите ставови. Реакциите кои следеа, имињата на лицата и начинот на кој реагираат, потврдуваат дека сум ја кажал вистината“, истакна Изетбеговиќ.
Тој ги повика српските лидери, а пред сè Милорад Додик да го признаат геноцидот во Сребреница и да се извинат во име на српскиот народ, како и да престане праксата на величење на осудените воени злосторници, кои се слават како херои.
Оваа реакција на Изетбеговиќ следува откако Додик кажа дека Изетбеговиќ им должи извинување на Србија и српскиот народ.
Претходно Изетбеговиќ изјави дека Србите се лош народ, како и дека Србија има долг кон Босна и Херцеговина.