Изетбеговиќ: Ентитет не може да нареди воена неутралност

Претседателот на босанската Паетија за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ кажа денес во Мостар дека партијата не може да си дозволи ентитет на државата да ѝ нареди воена неутралност.

Делегација на највлијателната бошњачка Партија за демократска акција на Изетбеговиќ и претставници на Хрватската демократска заедница на Драган Човиќ, ќе разговараат за формирање на власта на ниво на државата и ентитетите, повеќе од една година по изборите.

Изетбеговиќ пред средбата на новинарите им кажа дека, кога станува збор за Советот на министри на БиХ, крајно време е да почне да се почитуваат уставот на БиХ, законите и усвоените стратегии кои се однесуваат на НАТО.

Тоа, како што кажа, подразбира примена на договорите кои претходно ги потпишал со претседателот на ХДЗ БиХ Драган Човиќ и претседателот на СНСД Милорад Додик.

„Не можеме да дозволиме ентитет на државата да ѝ нареди воена неутралност“, порача Изетбеговиќ.

Тој додаде дека СНСД има свои пратеници и делегати во парламентарното собрание на БИХ и дека можат преку нив да бараат повлекување на одредени одлуки или измени на законите, но дека ентитетот, како што истакна, нема да ѝ одредува на државата воена неутралност.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе