Издадено предупредување, пристигнува „Ирма“

Ураганот „Ирма" што се движи кон Карибите и јужниот брег на САД прерасна во четврта категорија.

Како што е наведено, Центарот за урагани на САД издаде предупредување за повеќе области, делови од Ливардовите Острови, Британските и Девствените острови и Порторико како резултат на зајакнувањето на невремето со потенцијален опасен по живот ветар, бранови и поплави, пренесоа агенциите.

Ураганот од четврти од вкупно пет категории според Сафир-Симпсоновата скала, подразбира ветар со брзина 209 до 251 километар на час со катастрофални резултати, вклучувајќи и корнење дрвја, кинење водоводи, прекин на електричната енергија и вода, како и уништување на имот.

Во изминатата недела, ова е втор ураган на територијата на САД.

„Ирма“ која во моментов развива брзина на ветар од 215 километри на час, претставува закана и за источниот брег на САД и Флорида, која синоќа прогласи вонредна состојба, а според очекувањата на центарот, се очекува во вторник вечер или во среда наутро да стигне до  Ливардовите Острови, а до сабота до Флорида.

Во Порторико прогласена е вонредна состојба, училиштата се затворени, а гувернерот објави дека ќе бидат отворени засолништата за сместување до 62.000 луѓе. Националната гарда, како и носачи на авиони кои можат да учествуваат во спасувањето, се во подготвеност.

Како што е наведено, дури и ако таа земја избегне директен удар од ураганот и обилните дождови можат да направат голема штета.

За сега, предупредувањата за ураганот се издадени на 12 острови, вклучувајќи ги Антигва, Барбуда, Ангила, Монсерат, Сен Мартен, Саба, а предупредувањето означува дека ураганот се очекува во наредните 36 часа.

На Хаити, е објавено предупредување дека ураганот се очекува во следните три дена.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе