Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Моралес (ФОТО)

Боливиски обвинител денес издаде налог за апсење на поранешниот претседател на таа држава Ево Моралес, обвинувајќи го за повик на насилство и тероризам.

Фотографијата на налогот на својот профил на Твитер ја објави министерот за внатрешни работи Артуро Муриљо.

Властите тврдат дека Моралес им наредил на своите поддржувачи да ги блокираат градовите во намера со сила да ја избркаат привремената претседателка на земјата Жанин Ањес, која ја презема власта откако Моралес беше принуден да поднесе оставка.

Моралес, кој на 10 ноември поднесе оставка по уличните протести и притисоците од војската и полицјата, на 12 ноември замина во Мексико. Поранешниот боливиски претседател минатата недела пристигна во Аргентина, како поднесувач на барање за азил, а аргентинските власти соопштија дека тој ќе добие статус на бегалец.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе