Избувна индонезискиот вулкан Анак Кракатау

Индонезискиот вулкан Анак Кракатау еруптираше во текот на ноќта, при што облаците чад од ерупцијата се искачиле на 500 метри висина, соопшти индонезиската агенција за вулкани.

Степенот на узбуна за вулканот кој се наоѓа помеѓу Јава и Суматра останува на трето највисоко ниво, соопшти индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности.

Во ерупцијата во декември 2018 година, Анак Кракатау предизвика цунами во кое загинаа 430 лица, а илјадници биле повредени. Во истата ерупција изгубил значително во висина.

Островот Анак Кракатау е создаден по ерупцијата на вулканот Кракатау во август 1883 година.

Ерупцијата била толку интензивна што постојниот остров потонал во морето и повеќе од 35.000 луѓе загинале.

Морето помеѓу Суматра и Јава, како и остатокот од Индонезија, се наоѓа на пацифичкиот Огнен прстен, геолошки најактивната област на Земјата со чести вулкански ерупции и земјотреси.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе