Избришан твит на поранешниот премиер на Малезија дека муслиманите имаат право да убиваат Французи (ФОТО)

Твитер по колебањето ја избриша пораката на поранешниот малезиски премиер Махатхир Мохамад во кој напиша дека „Французите во историјата убиле милиони луѓе, од кои многу муслимани, па сега муслиманите имаат право да бидат гневни и да убијат милиони Французи за масакрите во минатото“.

EPA-EFE

Твитер на постот реагираше во два наврати, најпрво со порака за предупредување и се повика на интересот на јавноста твитот да остане на социјалната мрежа, но не го блокираше поранешнито малезиски премиер.

Фејсбук, каде што пораката беше исто така објавена, веднаш ја избриша: „Не дозволуваме говор на омраза на Фејсбук и остро осудуваме секаква поддршка или повик на насилство, убиство или физички повреди“, истака француската подружница на социјалната мрежа.

Осврнувајќи се на обезглавувањето на францускиот наставник кој ги покажувал карикатурите на Мухамед на своите ученици, Махатхир наведе низа пораки на Твитер дека „не го одобрува убиството, но дека слободата на изразувањето не вклучува навреди на другите“.

„Без оглед за која религија станува збор, луѓето кои се гневни убиваат“, напиша 95-годишниот лидер кој порано даваше спорни изјави за Евреите и хомосексуалците.

Поранешниот премиер на Малезија, мнозински муслиманска земја, пред падот на својата влада во февруари оцени дека францускиот претседател Емануел Макрон е „многу примитивен“.

„Французите би требало да ги научат своите граѓани да ги почитуваат туѓите чувства. Ако се обвинуваат сите муслимани и муслиманската вера за она што го направило едно гневно лице, муслиманите имаат право да ги казнат Французите“.

 

Францускиот државен секретар за дигиталниот сектор Седрик О побара од амерканската платформа да го укине профилот на поранешниот малезиски лидер.

„Разговарав со генералниот директор на Твитер, Побарав профилот на Махатхир Мохамад да биде веднаш исклучен. Твитер не би смеело да учествува во повик на злосторство“, напиша тој.

Твитер првично ја остави пораката со напомена дека тој твит ги прекршува правилата во врска со величењето на насилството, но дека Твитер смета дека „достапноста на таа порака може да биде во интерес на јавноста“.

Потоа твитот беше избришан со објаснување дека ја прекршува нивната политика.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе