Трамп има само уште една опција

Изборниот колегиум денес ќе ја потврди победата на Бајден

Изборниот колегиум кој се состои од 538 претставници на американските сојузни држави се состанува денес за формално да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, со што ќе завршат неуспешните обиди на Доналд Трамп да го сврти поразот од 3 ноември.

EPA-EFE

Изборниот процес во Соединетите Американски Држави не е завршен додека претставниците на гласачите, чиј број е пропорционален на бројот на жители на секоја држава, не се состанат и гласаат. Електорите речиси секогаш гласаат за претседателскиот кандидат кој победил во државата што ја претставуваат.

Резултатите од изборите покажуваат дека демократот Бајден, поранешниот потпретседател, освои 306 од 538 достапни изборни гласови – со што ги надмина потребните 270. Републиканецот Трамп освои 232.

Изнесувајќи лажни тврдења за раширена измама на изборите на 3 ноември, Трамп го предводеше притисокот врз државните службеници да ги отфрлат изборните резултати и да го прогласат него за победник.

Во САД кандидатот не победува со освојување мнозинство на националните избори, туку преку системот на изборен колегиум кој доделува изборни гласови за 50 држави и за главниот град.

Иако понекогаш неколку електори гласаат за некој друг а не за победникот на изборите во нивната држава, големо мнозинство ги запечатија резултатите на своите држави, па денес не се очекува поинаков исход.

Трамп ги повика републиканските претставници да именуваат сопствени електори, всушност игнорирајќи ја волјата на гласачите. Државните застапници главно ја отфрлија таквата идеја.

Гласовите дадени денес ќе бидат испратени во Конгресот на официјално пребројување на 6 јануари, што е завршната фаза на американскиот сложен изборен процес.

Трамп минатиот месец кажа дека ќе ја напушти Белата куќа ако електорскиот колегиум гласа за Бајден, но од тогаш ја продолжи кампањата без преседан за да го сврти својот пораз.

Неуспешно поднесе бројни тужби со кои го оспорува државното пребројување на гласовите.

Во петокот американскиот уставен суд ја отфрли тужбата која ја поднесе Тексас во обид да се поништат резултатите во четири држави во кои победи Трамп.

Со таа тужба беше барано поништување на изборите во Пенсилванија, Џорџија, Мичиген и Висконсин. Врховниот суд донесе пресуда според која Тексас не е надлежен за почнување на тој случај.

Кога ќе заврши гласањето на изборниот колегиум, единствениот преостанат потег на Трамп е да го увери Конгресот да не го заверува пребројувањето на 6 јануари.

Претставничкиот дом го контролираат демократите, а неколку умерени републиканци во Сенатот веќе јавно ја прифатија победата на Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе