Избори во Франција: Коалицијата на Макрон и коалицијата на Меланшон освои по 25,2 отсто од гласовите

Првите проекции за резултатите од првиот круг на парламентарните избори во Франција, кои се обележани со рекордно ниска излезност, укажуваат на тоа дека центристичката коалиција „Заедно" на Макрон и левичарско-зелената коалиција „Нупе" на Меланшон освоиле по 25,2 отсто од гласовите.

Фото: ЕПА

Зад нив, на третото и четвртото место се најдоа десничарската коалиција на Марин Ле Пен „Национално обединување“ со 18,9 отсто од гласовите и конзервативната „Републиканци“ со 13,7 отсто.

Според овие резултати Макрон би требало да го задржи мнозинството во парламентот, прашање е само дали тоа ќе биде апсолутно или релативно. Одговорот ќе се знае по вториот круг од парламентарните избори кој е закажан за 19 јуни.

Неколку недели откако Емануел Макрон го освои својот втор претседателски мандат, француските гласачи во неделата излегоа на првиот круг од парламентарните избори, на кои се одлучува кој ќе ги пополни 577 места во Националното собрание.

Според првите проекции на резултатите, владејачката коалиција „Заедно“ на Макрон освоила 25,2 отсто од гласовите, а исто толку добила и левичарско-зелената коалиција на Жан-Лук Меланшон „Нупе“ (Нова еколошка и социјална народна унија).

Коалицијата на лидерката на радикалната десница Марин Ле Пен заврши на третото место со 18,9 отсто од гласовите, додека „Републиканците“ завршија на четвртото место со 13,7 отсто од гласовите.

Доколку овие проекции бидат потврдени и по вториот круг од парламентарните избори, закажан за 19 јуни, коалицијата на Макрон би можела да освои меѓу 255 и 295 места според агенцијата Ипсос или од 275 до 310 места според анкетата на Ифоп. Коалицијата на Меланшон, од друга страна, би добила 150-190 места во Националното собрание, според Ипсос.

По нив, „Републиканците“ би добиле 50-80 места, а Ле Пен 20-45, пренесува Франс24.

За апсолутно мнозинство во Националното собрание на Франција, кое има вкупно 577 места, потребни се 289 мандати. Инаку, воздржаноста на француските гласачи се проценува на 52,8 отсто, што е рекордно ниска излезност.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе