Избори во Бугарија, полицијата најмногу работи на кибер безбедноста и на спречување купување гласови

Денешните парламентарни избори во Бугарија ќе бидат организирани според највисоките меѓународни стандарди, изјави техничкиот бугарски премиер Галаб Донев на средбата со делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, соопшти прес-центарот на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Донев изразил надеж дека на изборите ќе има висока излезност.

За време на разговорите во зградата на бугарската Влада, претставниците на ПССЕ беа информирани за постапките на техничката влада во врска со организацијата на претстојните парламентарни избори. Главен акцент беше ставен на сигурноста на машинското гласање, мерките за кибер безбедност, како и на напорите на Министерството за внатрешни работи на Бугарија против купувањето гласови.

Регистриран е и зголемен број отворени избирачки места во странство, што на бугарските државјани надвор од земјата им дава можност да гласаат во максимален број.

Бугарскиот технички премиер посочи дека меѓународните набљудувачи на изборите во земјата, вклучувајќи ја и мисијата на ПССЕ, даваат дополнителни гаранции за правичност на изборите.

Донев посвети посебно внимание на извештаите на ПССЕ, кои секогаш се карактеризираат со објективност. Тој ја изрази подготвеноста на неговата влада да обезбеди помош за успешно спроведување на мисијата на ПССЕ во Бугарија, во согласност со сегашното законодавство.

На средбата присуствуваа вицепремиерот и технички министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и министерот за е-влада Георги Тодоров.

По вчерашната работна посета во Софија, македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје. Бугарите утре имаат парламентарни избори и јас сум задоволен дека „темата Македонија“ повеќе не е меѓу приоритетните, изјави Пендаровски од Софија.

Анкетите покажуваат дека значителна предност има ГЕРБ на Бојко Борисов, а зад него е Продолжуваме со промените на доскорешниот премиер Кирил Петков. Истражувањето на ГАЛУП покажува дека во Собранието ќе влезат најмалку шест партии, а на самиот изборен праг се наоѓаат уште две. Се проценува дека ниската излезност ќе овозможи влез на осум партии во Собранието, што дополнително би го усложнило процесот на формирање Влада.

Според податоците на бугарската изборна комисија, во Македонија за гласање се пријавиле 181 бугарски државјанин. Ќе се гласа во амбасадата во Скопје, конзулатот во Битола, како и во Велес, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Струмица и Штип.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе