Софија

Избори во Бугарија: ГЕРБ води, тешко формирање нова влада, Слави Трифoнов во карантин

Според првичните неофицијални резултати на денеска завршените парламентарни избори во Бугарија во бугарскиот Парламент влегуваат 7 партии. ГЕРБ, партијата на бугарскиот премиер Бојко Борисов освои 25,7 проценти од гласовите, опозицискиот БСП 17,6, а многу блиску до неа, е партијата на шоуменот и ТВ-водител Слави Трифонов „Има таков народ“ која освоиле 15,2 отсто. Тој вечерва на својот официјален профил на Фејсбук напиша дека има симптоми на ковид-19 и дека ги прави потребните истражувања и се изолирал.

Другите партии кои влегуваат во новиот бугарски парламент се Движењето за права и слободи со 11 проценти освоени гласови, Демократска Бугарија на поранешниот министер за правда Христо Иванов со 10,4 отсто, „Исправи се! Мутри надвор!“ на поранешната правобранителка на земјата Маја Манолова освои 4,2 проценти, а партијата на Красимир Каракачанов ВМРО според првичните резултати влегува во парламентот со 4 отсто од гласовите на избирачите.

Има многу сериозен одлив од владејачката партија во Бугарија ГЕРБ и од најголемата опозициска сила во земјата досега БСП, покажуваат резултатите по завршувањето на парламентарните избори во Бугарија.

Лидерката на „Исправи се! Мутри надвор!“ Маја Манолова е категорична дека изборните резултати покажуваат победа на вонпарламентарната опозиција, формирана за време на протестите во Бугарија минатото лето. Постои сериозен одлив од двете формации, кој изнесува скоро 700.000 гласачи.

Некои гласачи на ГЕРБ гласале за Демократска Бугарија, како и за партијата на Слави Трифонов. Според бугарските социолози, повеќето од овие гласачи гласале за партијата на Слави Трифонов – „Има таков народ“, која, според Галуп, за околу половина процент ја помина главната опозициска формација Бугарската социјалистичка партија, покажуваат прелиминарните резултати. Според социолозите, партијата на Слави Трифонов може да биде одлучувачка сила за одредување каква влада ќе има Бугарија.

Денешните парламентарни избори во Бугарија имаат најмала излезност од 48 проценти или скоро 3.000.000 граѓани.

Трифонов на својот фејсбук-профил напиша „сега е важно тоа што се случи на изборите, а не симптомите“.

„Ако се прашувавте како изгледа суверен, еве како изгледа. Обично по изборите сите партии се прогласуваат за победници. Денеска победници сте вие! Вие ја баравте власта и промената е неизбежна“, напиша Трифонов.

Овој ТВ водител и шоумен, со денешниот изборен резултат на неговата партија, се јавува како клучен политички фактор во формирањето на идното владеачко мнозинство во бугарскиот Парламент.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе